01. Јан 02. Јан. 2019

Животот на фронтот: Македонија за време на Првата светска војна

Младите во Северна Македонија се недоволно свесни за различните перспективи околу историските настани и конфликти. Ова се должи на етноцентричниот и конфликтен историски наратив присутен во јавната сфера и во образовниот систем спонзориран од државата. Еден начин преку кој може да се реши овој недостаток е преку неформално образование. Неформалното образование за историски теми кое вклучува информации за различните перспективи може да придонесе за развој на сеопфатно разбирање меѓу учениците за минатите историски настани.

Книгата „Животот на фронтот: Македонија за време на Првата светска војна“ претставува историска читанка за ученици од средношколска возраст со пристап којшто ќе им овозможи суштинско сфаќање на настаните поврзани со овој воен период. Наместо да поттикнува разделби и да зазема страни, содржината во читанката поттикнува проактивно и критичко размислување во изучувањето на историјата. Ваквиот начин на работа поттикнува култура на разбирање, критичко поимање на настаните во општеството и културата, изнаоѓање на нави начини на поимање на историските настани.

Книгата „Животот на фронтот: Македонија за време на Првата светска војна“ претставува историска читанка за ученици од средношколска возраст со пристап којшто ќе им овозможи суштинско сфаќање на настаните поврзани со овој воен период.

Оваа историска читанка отстапува од постоечките учебници по историја и нуди алатки за средношколците и средношколките кои ќе придонесат кон разбирање на историскиот контекст од перспективи кои се ретко застапени во формалното образование во земјата, како на пример аспектите на исхрана во овој историски период, потоа условите за живот, поимањето на другиот т.е. различниот во судир со различни народи, култури и раси, здравствените карактеристики и болестите кои доминираат и го обликуваат т.е. одредуваат животниот пат, насилствата како и интимните аспекти на оние кои биле дел од директно вклучените во војната.