01. Јан 02. Јан. 2018

Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија

Во 2018 година од печат излезе двојазичниот македонско-албански зборник „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија“ составен од 6 текста кои на критички начин опсервираат важни аспекти од македонското општество (историја, урбанизам и архитектура, театар, политички говори, човекови права и медиуми). Тесктовите ги анализираат авторитарните и конзервативни наративи и имаат за цел на едно место да ги адресира проблемите со авторитарноста и недемократските пристапи во повеќе области од македонското општество. Зборникот настана како резултат на конференцијата со ист наслов, која се одржа во Скопје 2017 година само неколку месеци по настаните од 27 април кои ги покажаа резултатите од со години создаваните наративи на поделба и пресметка со различниот.

Тесктовите ги анализираат авторитарните и конзервативни наративи и имаат за цел на едно место да ги адресира проблемите со авторитарноста и недемократските пристапи во повеќе области од македонското општество.

Конференцијата, како и зборникот беа организирани од ЦИНИК, со финансиска подршка на Фондацијата Хајнрих Бел.