01. Јан 02. Јан. 2020

Навраќање кон

Форум цивилен мировен сервис (форумЗФД – подружница Скопје), Центар за истражување на национализмот и културата – Скопје (ЦИНИК), Институт за етнологија и антропологија, го промовираа тријазичното издание: „Навраќање кон 2001“, кое претставува збирка на лични приказни од интервјуа реализирани во 2017 година. Целта на оваа публикација во суштина е трослојна: да даде глас, да архивира и да пренесува. Ги опфаќа личните искуства од вооружаниот конфликт или војната што ја потресе Република Македонија во 2001, односно ги разгледува личните сеќавања и настаните од тој временски период. Додека јавно познатите факти околу настаните и нивната интерпретација сè уште предизвикуваат контроверзии; 2001 – ва година означува потрес и претставува референтна точка во перцепцијата на јавноста. И повеќе од тоа: од нашата перспектива конфликтот или војната од 2001 година може да биде опишана како „слонот во собата“, табу тема во Македонија која е сеприсутна, но речиси никој не се осмелува да зборува отворено и конструктивно во јавната сфера.

Оваа публикација е резултат на проектот „Соочување со минатото преку усната историја во Македонија“ (2015 – 2017), организиран од Форум Цивилен Мировен Сервис (форумЗФД) во соработка со Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) и Институтот за Етнологија и Антропологија (ИЕА) од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” од Скопје. Појдовната цел на овој проект беше да го популаризира пристапот што го нуди усната историја и во исто време да овозможи обука за група млади луѓе, најмногу студенти и активисти од цивилниот сектор од Македонија за запознавање со овој истражувачки метод.

И повеќе од тоа: од нашата перспектива конфликтот или војната од 2001 година може да биде опишана како „слонот во собата“, табу тема во Македонија која е сеприсутна, но речиси никој не се осмелува да зборува отворено и конструктивно во јавната сфера.

На настанот говореа:
Даниел Бернхардт (Хамбург/ порано вработен во Форум ЗФД)
Јана Коцевска ( Циник – Скопје)
Д-р Илина Јакимовска (Институт за етнологија и антропологија),
Боро Китаноски (Мировна акција – Aksioni Paqësor),
Д-р Петар Тодоров, модератор (Институт за национална историја, Циник – Скопје)