За предавањето
Идеите, концептите и сознанијата, со кои секојдневно се среќаваме, не треба да се земаат здраво за готово. Со други зборови, ако некои наративи се воспоставени, тоа не мора да значи дека тие се потполно или дури само делумно точни. Втемелено на примери од моите сопствени истражувања и оние на други научнички/ци, ќе повикам на препрочитување на „веќе отпечатените книги“, со цел барање на евентуално присутните невистини и предрасуди, како и на темите и субјектите што недостасуваат.