Јана Коцевска: Историјата не е само тоа што го диктира државата како машка, патријархална меморија

Коцевска вели дека историјата не е само тоа што го диктира државата како машка, патријархална меморија. Во таквата историја недостига женското искуство, зашто историјата не се само машките искуства.

Во нејзиното истражување таа дошла до констатација дека институциите сметаат дека не мора да се грижат за архивските документи кои што се искуства на жени.

Коцевска смета дека Скопје 2014 го уништи јавниот простор и имаше за цел да избрише цела историска епоха.