И Македонците и Албанците претпочитаат верски празници, на националните гледаат како на слободен ден

Илинден е единствениот државен празник за кој и Македонците и Албанците во земјава имаат длабока почит, а на прославата се гледа како на нешто заедничко. Така, грубо, гласи еден од заклучоците во истражувањето на Центарот за истражување на национализмот и културата со наслов „Минатото помеѓу нас“.

Интересен наод е дека и кај испитаниците Македонци и кај испитаниците Албанци, со кои е работено во фокус-групи, таква почит уживаат некои празници од минатата држава – како на пример 29 Ноември, кога се одржало второто заседание на АВНОЈ.

За речиси се останато, граѓаните можеби имаат почит, но не и чувство на споделено минато.