Од Битката кај Поатје (732), преку Битката на Косово Поле (1389), до Битката за Аламо (1836), споменот (реален или фиктивен) за големите историски битки се употребува, меѓу другото, во градењето на нацијата, во јакнење на национализмот и во инженеринг на перцепцијата на себеси и другиот. Тие заземаат клучно место во современите теории за политичките и историските митови. Во вторник се навршуваат 1000 години од познатата Беласичка битка, во која војските на цар Самоил биле поразени од византискиот цар Василиј II. Трагичниот настан го навестил и крајот на самуиловата балканска држава, која денес честопати од страна на конзервативните и националистички македонски интелектуалци анахронистички се претставува како етничка македонска средновековна држава и се вклучува во желбата за политички континуитет од антиката до денес.
Во времето во кое митологизираното минато се наметнува како лек за сегашноста и како визија за иднината, разумот си ги пакува куферите и си оди. Спасот се бара во романтизираните верзии на историјата, во која улогите на добриот и лошиот (и грдиот) се однапред поделени.
Во исчекување на спасението, ние решивме да го направиме она што нашата генерација знае најдобро да го прави … да се журкаме! На пола пат меѓу национализмот и антинационалимот, повелете на жур во Ла Кања.