27. Авг

Медијација при конфликти за учебници

Предавање со Д-р Фалк Пингел

 

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) со задоволство го најавува предавањето на д-р Фалк Пингел од Георг Екерт Институтот за меѓународни истражувања на учебници од Брауншвајг, Германија, насловено „Медијација при конфликти за учебници: Ревизија на учебници и политики за историско образование во ерата на глобализацијата“. Предавањето ќе се одржи на 27 август 2019 (вторник), со почеток во 19.00 часот, во Џебното кино на Младинскиот културен центар (МКЦ). Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.

Настанот е поддржан од фондацијата Хајнрих Бел.

Дали учебниците се сѐ уште значајни во ерата на електронските комуникации? Дали можат да станат контроверзно јавно прашање? Контроверзиите поврзани со учебницитебеа неодамна јавно дебатирани во повеќе Балкански земји.

Дали учебниците се сѐ уште значајни во ерата на електронските комуникации? Дали можат да станат контроверзно јавно прашање? Контроверзиите поврзани со учебницитебеа неодамна јавно дебатирани во повеќе Балкански земји. Дали меѓународната компаративна ревизија на учебници и истражувањето може да помогне да се надминат етничките или културно пристрасните претстави и дали може да помогне да се постигне взаемно разбирање помеѓу нациите и различните етнички, културни и религиозни групи?

Се чини дека образованието по историја (но исто така и по географија, граѓанското образование, јазиците и книжевноста) е важно во формирањето на нашето разбирање во врска со тоа како „ние“ се гледаме себеси во однос на „другите“ групи. Дефинирањето на историската улога на една група, во пракса, често значи исклучување на „другиот“.  Во ова предавање ќе се осврнеме на различни модели на ревизија на учебници, поврзувајќи се со примери од Југоисточна Европа, но и со работата на заедничките комисии за учебници од Блискиот Исток и Источна Азија. Ќе ги дискутираме предностите и слабостите на различните методолошки приоди и стратегии на преговарање, како и критериумите за успех или неуспех на овие процеси.

Се чини дека образованието по историја (но исто така и по географија, граѓанското образование, јазиците и книжевноста) е важно во формирањето на нашето разбирање во врска со тоа како „ние“ се гледаме себеси во однос на „другите“ групи.

Д-р Фалк Пингел е истражувач при Георг Екерт Институтот за меѓународни истражувања на учебници од Брауншвајг, Германија, и поранешен заменик-директор на Институтот. По пензионирањето во 2009-та година, работи како консултат за прашањата за учебници и истражувањата на наставни програми и равизија за повеќе владини и академски институции како и за меѓународни организации. Во 2003-2004, д-р Пингел работи како прв директор на Одделението за образование на ОБСЕ во Сараево, Босна и Херцеговина. Во својата академска кариера, има прадавано современа историја како и теорија и дидактика по историја на Универзитетот во Билефелд, Германија. Една од неговите најзначајни публикации е Водичот на УНЕСКО за меѓународно истражување на учебници и ревизија на учебници (Брауншвајг/Париз, 2010).